Покрај Ратко Капушевски, во денешната акција на МВР и ОЈО ГОКК приведен е и Асмир Јахоски, сопственик на компанијата Пуцко Петрол.

„Доцна попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава.. Претресите  се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати. Подетални информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден“ соопштија од ОЈО ГОКК.

Повеќе информации за аспењето на Ратко Капушевски може да погледнете во продолжение.

Приведен е бизнисменот Ратко Капушевски

Претреси на повеќе локации во врска со набавка на деривати. Наскоро повеќе информации.