Во скопско Илинден синоќа во 22.00 часот полициски службеници од Полициското одделени Петровец ги лишиле од слобода А.Н.(24) од н.Илинден и А.М.(23) од село Марино, скопско.
Тие се сомничат дека околу 10.00 часот на железничка станица во Илинден со закана одзеле пари и мобилен телефон од А.Х.(29), Н.К.(21), В.У.(19) и еден малолетник, сите од Авганистан.
– Кај нив биле пронајдени два пиштоли ЦЗ 99 калибар и две рамки со 10, односно 15 куршуми 9 мм. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа денеска од МВР.