На оваа сообраќајница ќе биде поставена посебна вертикална сигнализација (столпчиња за насочување на сообраќајот), со цел подготовка на улицата за целосна реконструкција.

Градежните активности за обновата на „Париска“ се очекуваат да започнат при крајот на следната недела, а истите ќе ги извршува ДГ „БЕТОН“ АД Скопје.

Општина Карпош ги информира сите граѓани, да ги отстранат возилата од коловозот, со цел непречено да се одвиваат градежните активности.

Инаку, реконструкцијата на оваа улица е во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта. Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев потпиша Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски, институција од чии средства ќе се реконструира оваа улица.

Во целиот административен процес беа вклучени и засегнатите граѓани од овој дел на Карпош. Тие можеа да доставуваат свои предлози, забелешки и сугестии за изгледот на „Париска“, преку пополнување на прашалник на веб страната или во просториите на урбаната заедница.