Во второто тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 3 684 и е намален за 3.0 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во второто  тримесечје од 2026 година бележи намалување од 0.6 % во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 4 689 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува  -1 005, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2 732 бракови и нивниот број е намален за 2.2% во споредба со истиот период од 2025 година, а регистрирани се и 406 разведени бракови.