Инвестициски бум

Премиерот Христијан Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со целосна ангажираност носи трета по ред голема инвестиција за само неколку недели.

Христијан Мицкоски од Америка се враќа со инвестиција за македонските граѓани. Компанијата Вабтек ќе инвестира 35 милиони евра во производство на сопирачки за шински возила, напиша вчеравечер на својот фејсбук профил првиот човек на Владата. Христијан Мицкоски.

Продолжува инвестицискиот бум во Македонија: Американски Вабтек ќе инвестира 35 милиони евра
Продолжува инвестицискиот бум во Македонија: Американски Вабтек ќе инвестира 35 милиони евра

Повеќе од 100 вработувања

Премирот најави повеќе од 100 вработувања, а за фирмата нагласи дека е меѓу 500-те најголеми компании во светот. Додаде дека во Македонија ќе се зголеми извозот. Повеќе може да погледнете од неговата објава на Фејсбук.

Деспотовски со пофалби

Вреди да се напомене дека ваквата инвестиција на амаерикански Вабтек ја поздрави и поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Навистина е добра вест дека „Вабтек“ ќе ја реализира својата нова инвестиција и ќе ги прошири своите капацитети во Македонија, вели Деспотовски.

Трета инвестиција за неколку недели

Претходно, Мицкоски оствари уште две големи инвестиции. Најпрво беше голема инвестиција од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк во штипскиот крај која е најголема во регионот. Следуваше инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра.

Самит на НАТО

Премирот Христијан Мицкоски се наоѓа во Вашингтон на самитот на НАТО и ја предводи македонската делегација која ја сочинуваат и министрите Муцунски, Тошковски и Мисајловски.