Времето ќе биде променливо облачно, од пладне и попладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умeрен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во следните денови утрата ќе бидат студени со ниски утрински температури, а до петок дневните ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе преовладува променливо облачно време. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно сончево со постепен пораст на дневната температура.