На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град. УВ индексот ќе биде 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Дневната температура ќе се движи од 18 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.