Примирјето останува недостижно во војната меѓу Израел и Хамас. Во вторникот заврши рундата неуспешни преговори во Каиро.
Израел нема да потклекне
На новинарско прашање „зошто израелските преговарачи не се вратија на понатамошни разговори“ Нетанјаху даде коментар.
„Не добивме ништо друго освен некои лажни барања од Хамас. Тие барања, вклучуваат крај на војната и оставање на Хамас како што е ослободувајќи „илјадници криминалци“ од израелските затвори, па дури и полагање на ридот на храмот во Ерусалим“, рече Нетанјаху.
Тој додаде дека Израел нема да потклекне пред меѓународните диктати во врска со договорот за палестинската држава, кој според него може да се постигне само преку директни преговори, без предуслови.
Израел е против признавање Палестинска држава
Не може да има „поголема награда за тероризмот“ од признавањето на палестинската држава, рече Нетанјаху.
„Израел, под мое водство, ќе продолжи цврсто да се спротивставува на едностраното признавање на палестинската држава“, рече категорично Нетанјаху.
Русија ги собира сите палестински лидери
Русија ги покани палестинските групи на состанок во Москва на 26 февруари, изјави денеска на меѓународната безбедносна конференција во германскиот град Минхен, премиерот на палестинската управа, Мохамед Стаје, цитиран од Ројтерс.
„Русија ги покани сите палестински фракции да се сретнат во Москва на 26-ти овој месец. Ќе видиме дали Хамас е подготвен да седне на иста маса со нас. Засега не е јасно дали нивните претставници ќе присуствуваат“, рече Стаје во Минхен.