Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, ја оцени како „голема грешка“ изјавата на Хаќим Рамадани, кандидат за градоначалник на Општина Брвеница од Вреди, дадена на средба со иселеници во Хамбург.
Рамадани изјавил дека „треба да се знае кој е газда на својата земја“ и дека општините како Кичево, Брвеница, Тетово и секаде каде Албанците се мнозинство, мора да ги води Албанец.
Мицкоски рече дека со жалење ја слушнал изјавата, оценувајќи ја како себичен потег што, според него, ќе им наштети на кандидатите од истата коалиција во вториот круг, наведувајќи ги Струга, Дебар и други општини. Додаде дека разговарал со голем број влијателни претставници на меѓународната заедница, кои, како што рече, со жалење и неверување гледаат на употребата на таков речник во 21 век.
На прашање дали изјавата ќе влијае на владината коалиција со Вреди, Мицкоски одговори дека тоа ќе влијае на положбата на Рамадани во иднина. Посочи дека, откако најпрвин ќе ги изгуби изборите во Брвеница, ќе биде нормално разрешен од позицијата што ја извршува во овој момент. Рамадани е актуелен директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Во врска со вториот круг во Кичево, Мицкоски изјави дека Фатмир Лимани повикал да се гласа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, а дека Вреди испратиле соопштение дека не го поддржуваат Фатмир Дехари како кандидат за градоначалник во Кичево.
Мицкоски ги повика Албанците во Кичево, како и сите кичевци, да размислат за „човекот што ги уценува нивните внуки и нивните ќерки, дали е достоен кандидат за иден…“
