Џафери денеска мандатот го доби од претседателот на државата, Стево Пендаровски и рече дека одговорно ќе ја извршува својата задача.
Со задоволство и одговорност го примам мандатот. Ветувам дека совесно и врз основа на Уставот преговорите ќе се одвиваат соодветно на политичките потреби на државата, рече тој.
Од Собрание на „Илинденска број 2“
Џафери сега се сели од Собранието на „Илинденска број 2“. Претходно законодавниот дом ја констатираше неговата оставка, но и на премиерот во заминување, Димитар Ковачевски.
(ВИДЕО) Пендаровски му го врачи мандатот на Талат Џафери за преодна Влада
Заменик претседателот на Собранието Горан Мисовски потврди дека по оставката на премиерот Ковачевски „во оставка е и целата влада“.
Нов претседател на Собранието стана Јован Митрески од редовите на СДСМ. За него гласаа 65 пратеници.
Митрески во својата прва изјава рече дека ваквиот епилог на настаните е во интерес на државата и нејзините граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ понуди кадровски решенија, експертите ги поздравија имињата
Што се однесува пак до опозициската ВМРО-ДПМНЕ која е најголем фаворит за победа на следните парламентарни и претседателски избори денеска ги промовираа своите кадровски решенија.
Опозицијата како нивни предлози за министри ги предложи. Адвокатот Панче Тошковски на позицијата нов министер за внатрешни работи, Ѓоко Велковски како министер за труд и социјала. Како заменици министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се: Стефан Андоновски за информатичко општество, Елена Петрова за финансии, а во земјоделие ќе биде Цветан Трипуновски.
(ФОТОГАЛЕРИЈА) ВМРО-ДПМНЕ го прогласи професионалниот тим на министри за техничката влада
Она што е заедничко за сите имиња е тоа што сите се политички неизвалкани играчи, без никаква дамка во своето минато, но и со голем потенцијал за давање на својот максимум и подобрување во нивниот сектор. И покрај обвинувањата на опозициската СДСМ за „нестручен кадар“ сепак најголем дел од експертската фела ги гледа како вистинско освежување на политичката сцена.
Оваа влада позната како „Пржинска“ ќе ја предводи државата идните 100 дена, односно до изборите на 8 мај. Првиот работен ден на оваа група би бил веќе в понеделник.
СДСМ овозможи „Pse jo“ да стане реалност
Претходно, слоганот „Pse jo“ или на македонски „Зошто да не“ започна со идејата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за прв прмиер Албанец.
И покрај тоа што е дел од техничката влада, Ахмети заради попусливите политики на социјал-демократскиот сојуз предводен од Зоран Заев тогаш и сега од Димитар Ковачевски успеа во својата намера. Сепак, најголем проблем овде не е националноста, туку компетентноста на идниот технички премиер Џафери кој патем е со многу скандали зад себе.