Портпаролот на полицијата изјави:
-Полициските службеници околу 5.40 часот добиле пријава за повеќе застрелани лица
Најмалку четири лица загинаа, а четворица се хоспитализирани. Двајца од нив се во критична состојба, а за преостанатите двајца не се знае во каква состојба се, наведува полицијата.
Еден човек, на непозната возраст, бил застрелан во задниот дел од главата и хоспитализиран во болница. Уште еден маж, на возраст од 25 годинби, исто така, бил застрелан во задниот дел од главата и сместен во истата болница. Една жена е во критична состојба и е хоспитализирана во Медицинскиот центар на Универзитетот во Чикаго.
Со прострелна рана во грбот во болницата Сент Бернард дошол и 23-годишен маж, од каде во критична состојба бил префрлен во медицинскиот центар на Универзитетот во Чикаго.
Полицијата соопшти дека во еден дом каде биле собрани неколку лица, до пукање дошло кога ескалирала расправија меѓу нив.
-Повеќе лица имаат прострелни рани, се наведува во соопштението на полицијата.
Претходно, портпаролката на полицијата, Сали Баун, изјави дека не може да ги потврди извештаите дека е убиено повеќе од едно лице.
-Истрагата е во тек, така што ова е се што имаме во моментот, напиша таа во електронска порака.