Полициски службеници од СВР Скопје попладнево околку 17 часот го лишиле од слобода Н.Е.(43) од скопското село Батинци. Тој пред тоа во село Студеничани пукал од огнено оружје кон Б.Р од Батинци.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, Б.Р. се здобил со повреди и бил пренесен во болница за укажување на лекарска помош.
СВР Скопје работи на расчистување на случајот.