Вработените во Македонија во просек работат за речиси 4 евра на час, додека функционерите и директорите со плати од 2000 евра се платени од 12,5 евра за час работа.
Вработените во Македонија не само што се платени речиси три пати помалку од функционерите, туку имаат и осум пати помали плати во споредба со вработените во Европа.
Во потрага по подобар живот, голем број граѓани од Балканот заминуваат во Европската унија да работат за повисоки плати.
Според податоците на Евростат во однос на платите и социјалните придонеси што ги плаќа работодавачот, варира од 31,8 евра во целата Европска унија и 35,6 евра во еврозоната. Сепак, овој просек покрива многу значајни празнини меѓу земјите-членки на ЕУ, при што трошоците за работна сила за час се движат од 9,3 евра во Бугарија, 11 евра во Романија и 12,8 евра во Унгарија, 41 евро во Германија и до 47 и 48 евра во Белгија и Данска. Повеќе се плаќа околу 54 евра во Луксембург.
Во Хрватска еден час работа се плаќа 14,4 евра, во Словенија 25,5 евра, во Грција – 15,7 евра, во Италија близу 30 евра.
Во однос на продуктивноста и конкурентноста, земјата ќе има сериозни пречки доколку утре треба да излезе на заедничкиот пазар. Во однос на конкурентноста сме на 82 место од 141 земја.
Проблемот со покачувањето на платите во земјата е доста сложен и зависи од многу фактори.
Стопанската комора на северо-западна Македонија предложи минималната плата во приватниот сектор да биде 30.000 денари, но придонесите да се намалат од 52 на 32 отсто, за да се зголеми конкурентноста на локалната економија.
Експертите оценуваат дека големата разлика во платите јасно покажува дека на Македонија и треба итно забрзан процес за членство во Европската унија, бидејќи зголемувањето на саатницата и подобрувањето на работните услови се од суштинско значење за да се спречи масовното заминување на работниците во потрага по најдобро вработување во странство.