„Рајанер“ се здружи со групацијата аеродроми во Манчестер (Manchester Airports Group- МАG), а тужбата денеска треба да биде поднесена до Високиот суд во Англија, барајќи појаснување за транспарентноста на системот, соопшти МАГ.
И другите авиокомпании се очекува да се приклучат на тужбата.
Неколку недели пред пикот на летната туристичка сезона, кога се бележат најголемите приходи, овој сектор е загрижен дека може да изгуби уште едно лето поради блокадите од британската Влада, што значи повеќе загуби на работни места и средства.
Авиокомпаниите постојано го критикуваа владиниот систем „семафор“ за меѓународни дестинации, тврдејќи дека е непредвидлив и не се темели на наука.
Британските власти од мај, по повеќемесечниот општ карантин, дозволија патувања, но обесхрабруваат посетите на популарните дестинации, како што се Шпанија, Франција, Грција, САД или Хрватска, класифицирајќи ги со жолто во својот систем.
Оваа боја значи дека при враќањето во Велика Британија, патниците мора да минат 10 дена во карантин и неколку пати да бидат тестирани за Ковид-19. Само неколку земји се обележани со зелено, а меѓу нив нема членки на Европската унија.
Авиокомпаниите затоа ја повикуваат владата појасно да објасни како донесува одлуки за категоризацијата на земјите поради „драматичното“ влијание што го имаат врз авионскиот сообраќај