На годишната конференција „Држава на Унијата“ во Фиренца, Рама оцени дека растечкиот број на услови што ЕУ и ги поставува на Албанија е „шизофреничен и бесмислен“, пренесува албанскиот портал ABC.

-Мислам дека членството е голем збор и ако ме прашаат денес дали Албанија е подготвена да биде членка, би рекoл дека не. Сепак, она што не го разбирам е одложување на почетокот на преговорите по одлуката од 2018 година за отворени преговори. Тоа е навистина потребно за земјата , рече Рама.