Рама вели дека стои зад критиките кон ЕУ што ги кажал деновиве, зашто таа „од време на време не успева да ги исполни сопствените ветувања“.
-Од една страна, тие веруваат дека сме подготвени да започнеме формални разговори, свикувајќи ја првата меѓувладина конференција а од друга страна, Советот на ЕУ не е во состојба да донесе одлука. Ова има врска со некои прашања поврзани со Северна Македонија и Бугарија, но, повторно, за нас е доста разочарувачко и истовремено покажува многу, да бидам искрен, бидејќи лошото во ова е што се навикнуваме на фактот дека ЕУ од време на време не ги исполнува своите ветувања, одговара Рама.
На прашањето што точно велат лидерите на ЕУ за причините поради кои овие преговори за членство запреле, премиерот Рама вели дека „тие не кажуваат ништо, бидејќи, како што реков, тие ја дадоа процената и секој од нив оцени дека Албанија е подготвена да седне и да започне разговори“.
-Од друга страна нема одлука бидејќи ЕУ се потпира на механизам за донесување одлуки со целосен консензус и доволно е една од земјите да има проблем и во овој случај, прашањето е меѓу Бугарија и Северна Македонија и се е разнесено во воздух. Тоа е идентично како да се чувствувате како дел од продолжение на делото на Самуел Бекет „Чекајќи го Годо“, но наместо Владимир и Естрагон, во оваа книга сме Албанија и Северна Македонија, изјавил Рама.
Во врска со одлуката, пак, на Стејт департментот за воведување санкции кон некои Албанци за влез во САД, Рама оценува дека за него ова „ е крај на транзицијата и крај на концептот на неказнивост“ зашто никој не е над законот.