Албанскиот премиер Еди Рама за емисијата „Talking Europa“ на France 24 задржувајќи се на преговорите и самитот во Брисел, вели дека Албанија не е таа што направила бавен процес кон ЕУ, туку Европската Унија е таа што го забавила напредокот на овој процес.
Кандидатскиот статус во ЕУ тој го опишува како „еден вид антидепресивна таблета за зајакнување на моралот на земјите“, но смета дека е во „право да ги признае Украинците како нација што прават многу за нас, зашто тие спречуваат најмногу да напредува страшна контра-реформа во светот што Путин сака да ја наметне“.
Додава дека повеќе не е фрустриран, туку е тажен поради неуспехот на ЕУ да го исполни ветувањето дадено на Албанија и Северна Македонија.
-НЕ Е АЛБАНИЈА ТАА КОЈА БАВНО НАПРЕДУВАШЕ КОН ЕУ, ТУКУ ЕУ ЗАБАВИ. НЕ СУМ ФРУСТРИРАН, ТУКУ МНОГУ ТАЖЕН ПОРАДИ НЕУСПЕХОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ДА ГО ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊЕТО ДАДЕНО НА АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, НАГЛАСУВА РАМА.