Причините за нападот засега остануваат непознати, осомничениот или осомничените не се пронајдени, јави дописникот на МИА.
Нападот се случил на улица, во близина на црквата Сен Рош, каде што бил прободен со нож во грлото. Целиот кварт е блокиран од силите на редот. Мотивите што стојат зад овој напад не се познати. Осомничениот се уште не е пронајден. Ножот со кој Франсон е прободен во нападот е пронајден. Засега не се споменува терористичка заднина на нападот.
Франсон (76) меѓудругото режираше во драмскиот центар на Лион, а потоа и во Савоа на почетокот на 90-тите, пред да стане директор на националниот театар Колин, во Париз, во периодот од 1996 до 2010 година. Тој има добиено две награди „Молиер“ за режија во 1995 година и во 2010 година. Од средината на февруари дава часови на Националната школа за драмска уметност во Монпелје.