Не е променета здравствената сосотојба на 39-годишната родилка од Скопје, која во неделата вечерта скокна од прозорец од први кат на Клиниката за Гинекологија и акушерство, објави плусинфо.

Таа сѐ уште се бори за живот на КАРИЛ и е во тешка здравствена состојба и покрај извршената операција, по падот од зградата, информираше ГАК.

Неофицијално, родилката има тешки повреди на вратниот ‘рбет, градниот кош и главата.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов врши вонреден инспекциски надзор на Универзитетската клиника за гинекологија.

– По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана, велат од Министерството за здравство.