Фере за весникот „Њујорк Тајмс“ изјави дека единствената амбиција на Роналдо е да замине во фудбалска пензија со повеќе награди за најдобар светски фудбалер од Меси.
Аргентинецот Меси вчеравечер по рекорден седми пат ја освои „Златната топка“, додека Роналдо во кариерата има пет награди на „Франс фудбал“.
– Паскал Фере лажеше, го искористи моето име за да се промовира самиот себе и списанието за кое работи, објави Роналдо на својот Инстаграм профи и додаде: Неприфатливо е личноста, која е задолжена за доделување на толку престижна награда да може толку да лаже. Со тоа тој покажа непочитување кон основните вредности за кои се залагаат „Франс фудбал“ и „Златната топка“.
Роналдо истакна дека не освојува награди против некој друг.
-Јас освојувам награди за самиот себе, клубот, кој го претставувам и оние, кои ме сакаат. Не освојувам награди против некој друг. Мојата најголема амбиција е моето име да остане запишано со златни букви во историјата на фудбалот, порача Роналдо.