Предупредувањето вклучува и обвинувања дека кинеската безбедносна администрација ги зголемила прифатливите нивоа за откривање на радијација за да се избегне затворање на нуклеарната централа Таишан во провинцијата Гуангдонг.
И покрај алармантната најава, администрацијата на Бајден смета дека ситуацијата се уште не е критична, пренесува Си-Ен-Ен, истакнувајќи дека иако американските власти веруваат дека ситуацијата во моментов не претставува сериозна закана за безбедноста, необично е странска компанија да бара еднострано помош од американската влада кога нејзиниот кинески партнер се уште не признал дека има проблем.
Сепак, загриженоста е доволно голема, бидејќи Американскиот совет за национална безбедност минатата недела одржа неколку состаноци.
Администрацијата на Бајден разговараше за тоа со француската влада и експерти од американското Министерство за енергетика, објавија извори, а Си-Ен-Ен тврди дека САД биле во контакт со кинеската влада, но дека резултатот од тој разговор не е познат.
Си-Ен-Ен контактирал со кинеските власти во Пекинг и провинцијата Гуангдонг, каде се наоѓа електраната, како и со кинеската амбасада во Вашингтон, но не добиле одговор.