Минатата година беше рекордна во однос на најмалку уништена површина на шума во пожар – само 438 хектари. Но, во 2019 година изгореа 10.661 хектари шума, а рекордот беше во 2012 година кога беа уништени 19.312 хектари шумска површина.

Јасно е дека годинава ќе биде далеку над просекот од 9.000 хектари уништена шума годишно.

Според досегашните информации од Министерството за внатрешни работи (МВР) за пожарите од последните 8 дена приведени се десетина лица за предизвикување на пожарите. Останува непознато што е причината за огромниот пожар во Малешевијата.