Факултетот за музичка уметност во Скопје со длабока тага ја потврди смртта на вонредната професорка Сара Пројковска, која загина во пожарот што избувна ноќеска во Диско клубот „Пулс“ во Кочани. Пројковска, освен што беше посветена професорка, беше и придружен вокал на бендот „ДНК“, чиј концерт се одржуваше кога се случи трагедијата.
Сара Пројковска: Талент и добрина загубени во трагедија
Факултетот за музичка уметност изрази огромна тага за загубата на својата колешка.
„Со длабока тага и неверица објавуваме дека нашата колешка, вонреден професор м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара беше полна со љубов, живот и музика, вистинска лавица и добрица“, соопшти Факултетот.
Сара Пројковска беше позната и како придружен вокал на бендот „ДНК“.
„Сара Пројковска беше талентиран придружен вокал на бендот ‘ДНК’, чиј настап се одржуваше во моментот кога пожарот избувна во дискотеката ‘Пулс’“, додадоа од Факултетот.