Сараевски медиуми ја пренесоа изјавата на Сатлер за австриски „Кронен цајтунг“, според која „финансиските субвенции се начин јасно да се покаже дека тоа е спротивно на правилата“.

-Постојат различни начини да се реагира, додаде Сатлер, истакнувајќи дека, и покрај предупредувањата од меѓународната заедница, Националното собрание на РС одлучи да ги повлече надлежностите од државно ниво во областа на индиректните даноци, правдата, безбедноста и одбраната.

-Тоа го водеше Милорад Додик, шеф на Партијата на независни социјалдемократи (СНДС). Тој најави дека ќе иницира закони во рок од шест месеци, рече шефот на Делегацијата на ЕУ во БиХ. Според него, на сцена во БиХ е блокада на највисоките и најважните институции.