Растот ќе зависи од враќањето на довербата на потрошувачите и компаниите, како резултат на слабеењето на пандемијата и намалената политичка нестабилност. Во регионот, најдобра прогноза има за Црна Гора за која се предвидува раст годинава за над седум насто, а најлоша за Босна и Херцеговина со 2,8 проценти.