Според СКСЗМ, не е доволно образложението за носењето на Законот кое се поврзува со потребата од колективна имунизација на населението.

-Планот за спроведување на пописот во септември не гарантира дека дотогаш ќе имаме подобра епидемиолошка слика и, следствено, друг бран на инфекции. Апелираме до Собранието овој важен статистички процес за економијата на земјата да продолжи и да не се одложува, а при неговото спроведување да се почитуваат сите здравствени протоколи за заштита на населението. Изразуваме загриженост за создадената состојба, поточно за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис кој се наоѓа на собраниска седница и цели кон одложување на пописот. Сметаме дека секоја правна иницијатива што би значела одложување на овој процес треба веднаш да се запре. Пописот на населението и домаќинствата како процес на статистички податоци претставува една од пречките и аномалиите на макроекономското планирање и воопшто на економскиот развој. Овој процес беше политизиран во минатото и економскиот развој беше заложник на овие случувања, истакнува СКСЗМ.

Комората додава и дека како институција со докажана општествена одговорност, секогаш ги поддржувала мерките на Владата за заштита на јавното здравство.

-Но, образложението на овој Закон поврзано со потребата за колективна имунизација не е доволна, бидејќи таа потреба не се појави денес, туку настана од моментот на откривањето на вакцината. Во овој поглед, Владата не докажа капацитет за колективна имунизација, како што направија земјите од регионот, пишува Комората.