Од СДСМ велат:

-И лани на крајот од годината, Мицкоски јавно среде Скопје ширеше хистерија дека во Софија се распарчувала државата, дека на тајни средби се распродавал идентитетот. Правеше протести за одбрана на насилниците и криминалците, кои упаднаа во собранието на 27 април да убиваат, да тепаат пратеници, новинари, вработени во парламентот. Сред пандемија организираа јавни собири на кои ги прекршуваа мерките за заштита, додека граѓаните се бореа со пандемијата, подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ организираше морбидни перформанси ред Министерството за здравство, велат од СДСМ.

Мицкоски вчера на брифинг со новинарите најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со протести и блокади на улици додека Владата не го објави „патоказот“ во преговорите со Бугарија. Според сознанија на Мицкоски, двоецот Заев-Бучковски преговара со техничката бугарска влада за делови од декларацијата, која беше усвоена во бугарскиот парламент во 2019 година, а на преговарачката маса за симнување на ветото од Бугарија се ставени идентитетот, јазикот, културата.