На една од најпознатите скопски улици – „Ленинова“, властите започнале со рушење на повеќе летни тераси кои што ги работат угостителски објекти и кафулиња лоцирани на оваа улица.

Според информациите кои за Скопје Инфо ги споделија читатели, станува збор за терасите на Правда, Суши ко, Myth, но како што велат, веројатно е дека нема да бидат само тие.

Граѓаните реагираат дека е неоправдано и недозволиво толкави конструкции да окупираат дел од јавниот простор.

Исто така, за центарот на градот да навистина заличи, апелираат следни на ред да дојдат и автомобилите кои се изнапаркирани на тротоарите наменети за пешаците.

Инаку, пред околу една недела, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски сподели дека е отпочната реконструкција на вториот дел од улицата „Ленинова“, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во должина од над 600 метри. Тој посочи дека е предвидено уредување на коловозот, тротоарите и пешачките патеки, поставување велосипедска патека и обновување на зеленилото долж целиот потег.