Како што информира собраниската прес-служба, денеска во 15 часот ќе продолжи 38. седница на Собранието со две точки на дневниот ред, одложување на пописот што би се одржал од 5 до 30 септември, и измена на Изборниот законик со кој се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври.
По завршување на 38. седница на Собранието, како што е најавено, ќе продолжат 20-та, 25-та, 26-та, 29-та, 30-та и 34-та седница на Собранието.