Тој забележа дека Европската унија никогаш не била надвор од овој регион, посочувајќи дека би било добро и Америка да се додаде во Берлинскиот процес.

– Немојте да чекате на пристапувањето. Премногу сме фокусирани на тоа. Овој регион има многу што друго да понуди. Имаме многу блиски меѓучовечки и емотивни врски со регионот и она што го правите на регионален план дури и без нас, како Мини шенгенот и иницијативата што почна со Б6 е одлична и е брилијантна идеја, рече Шаленберг.

На лидерите им порача сами да си ги вршат работите, да не чекаат тоа да го прави некој друг за нив.

– Создадовте човечка врска меѓу носителите на одлуки во регинот и не ви треба некој да седи на вашата маса. Врзете си ги чевлите самите, направете го тоа што ви треба сами, не ви треба некој од страна да го нправи тоа. Бидете покреативни, по иновативни и можеме да го вклучиме Западниот Балкан во ЕУ, не мора да чекаме на пристапувањето, порача австрискиот министер.

Полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау пристапувањето кон Унијата метафорично го поврза со каприциозна невеста која не се појавува на сопствената свадба, посочувајќи дека Полска и Македонија имале ист избор, односно дека немале избор.

– Веруваме дека силна трансатланска соработка и врските со земји кои ги споделуваат нашите основни вредности се важни повеќе од кога било. Веруваме дека силна трансатланска соработка е суштински важна за двете страни, рече Рау.

Полска, нагласи тој, се надева дека кончено ќе почнат преговорите со Северна Македонија и Албанија и дека наскоро ќе се отвори уште еден кластер со Србија.