Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус го повика Пекинг да даде повеќе информации за потеклото на Ковид-19 и е подготвен да испрати уште еден тим истражувачи, објави денеска Фајненшл тајмс.
„Врши,е притисок врз Кина да обезбеди целосен пристап до информациите и бараме од другите земји да го покренат ова прашање за време на нивните билатерални состаноци и да го охрабрат Пекинг да соработува“, изјави за весникот генералниот директор на СЗО.
Изјавата на шефот на СЗО доаѓа додека здравствените службеници и фармацевтските компании ширум светот се натпреваруваат да развијат подобрени вакцини за борба против новите варијанти на коронавирусот.
Гебрејесус долго време ја притиска Кина да ги сподели своите информации за потеклото на Ковид-19, велејќи дека досега тоа не се случило и дека сите хипотези остануваат на маса.
Вирусот првпат беше идентификуван во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, пред да се прошири на глобално ниво, убивајќи речиси седум милиони луѓе.