Рејтингот и анкетите во фокусот на критиките

Петре Шилегов во интервју за „Фокус“ упати сериозни критики за состојбата во партијата и за нејзиното раководење.

Тој посочи дека резултатите и анкетите го отсликуваат незадоволството.

„Не можеме ние претседателот Филипче да го принудиме да поднесе оставка. Ама ако ги имате овие резултати, ако ги имате последните анкети, ако го имате рејтингот на претседателот на партијата, кој е катастрофален, но упорно да тврдиш дека ти си вистинското решение, а никој друг не чини, знаете на човек со сила му се зема, ама не му се дава, вклучително и памет“, рече Шилегов.

Незадоволство и кај членството и на локално ниво

Според него, критики за водењето на партијата не доаѓаат само од поединци, туку од повеќе структури.

„Не е дека некој нешто чека, но ќе видиме како ќе се движат работите. Но, огромна е комуникацијата со мене, со другите луѓе што сме сериозно загрижени за состојбата во партијата, и тоа на сите нивоа. Од обичното членство до актуелни претседатели на општински, кои се номинирани од ова раководство, бидејќи гледаат дека не ја бива работата“, изјави Шилегов.