Шведска ќе поднесе барање за членство во НАТО, објави шведскиот медиум Свенска Дагбладет.

Извори за медиумот тврдат дека целта на премиерката Магдалена Андерсон, е, земјата уште оваа година да стане членка на Алијансата.

Се очекува барањето за членство, Шведска да го поднесе кон крајот на јуни.

Русија се закани дека ќе ја „ребалансира ситуацијата“, во случај Шведска и Финска да влезат во НАТО. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи се закани со „политички и воени последици“, доколку двете земји се придружат на Алијансата, потсетуваат медиумите.