Но, тоа што се објавени над 1.500 документи не значи дека сите се објавени. Голем број документи се уште се недостапни и делумно цензурирани, така што вечната дебата меѓу федералните власти и луѓето што го истражуваат атентатот на Кенеди ќе продолжи.
Долгогодишните истражувачи на овој историски настан велат дека во објавените документи најверојатно не се вклучени оние кои би можеле да понудат некои нови клучни докази и да ги променат фактите што јавноста ги знае за овој настан, како и околностите пред и по атентатот.
Во октомври, Бајден го одложи објавувањето на документите со цел да ги заштити работите важни за САД. Тој тогаш постави два рока за објавување, денешниот датум и 15 декември следната година. Тогаш ќе бидат објавени новите документи.