Двајцата европски претставници денеска се во посредничка мисија во Бугарија и Македонија за да разговараат со властите на двете земји на теми поврзани со процесот на проширување на ЕУ.

„Министерот за надворешни работи Силва и еврокомесарот Вархеји само што слетаа во Скопје, кои доаѓаат во важен период за нашите евроинтеграции, носејќи со себе нов поттик на португалското претседателство. Сите треба да бидеме на висината на задачата за да ги зачуваме перспективите на заедничката“, порача шефот на дипломатијата Бујар Османи по нивниот пречек на Скопскиот аеродром.