Како што дознаваме, Обвинителството смета дека новинарите треба да дадат некакво појаснување за она што го објавиле уште на 11 јануари годинава, а се однесувало на безбедносните и разузнавачки структури на Македонија.
Момироски и Милосављевиќ во Обвинителството ќе престојуваат во различни термини за да дадат исказ за предметот за кој се поканети. Момироски е поканет на пладне, а Милосављевиќ во 13 часот.
За МКД.мк Момироски само ни ја потврди информацијата дека утре ќе биде во обвинителството, но не сакаше да даде детали од поканата од Обвинителството пред да види за што се точно се работи.