Во последните 24 часа во Србија, тестирани за Ковид-19 се 21.876 лица, од кои позитивни се 5.224 Срби. Починале 19 лица. Вчера пак од вкупно 14.062 тестирани лица, 2.765 биле позитивни и 27 лица починале.
– Омикрон апсолутно доминира во Србија, само што тоа не е реално согледано низ тестирање. Ни следат петоцифрени бројќи на новозаразени дневно, а дали тоа ќе биде повеќе од 20.000 или 30.000 не знам и не можам да кажам. Буквално пола граѓани на Србија ќе бидат на боледување во јануари, рече проф. др. Радмило Јанковиќ, заменик директор на Универзитетски Клинички центар Ниш.