Случајот беше документиран од надлежните институции,не стануваше збор за импровизација. Рускиот дипломат има рок од 7 дена да ја напушти државата. Се водеше сметка и за дипломатската конвенција бидејќи овие луѓе имаат и семејства, изјави претседателот на државата, Стево Пендаровски откако денеска Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Македонија.

Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Македонија во рок од седум дена – велат од МНР.