Проектот има цел да ја реанимира потребата на оваа ранлива категорија деца и млади во делот на стимулација на физичкиот развој како и социоемоционалниот развој преку друштвени игри.

Тренинзите ги водат професионални стручни лица од оваа област, кои со безусловна љубов кон овие деца помагаат во развој на нивната целокупна психофизичка состојба.

– Со иницијативата за користење на фискултурната сала сакаме да им дадеме можност на оваа категорија деца и млади да го покажат својот потенцијал и полесно да се вклучат во социјалниот живот, а на тој начин и да им се отворат нови можности во сопствените животи – изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој присуствуваше на првиот тренинг.

Со нашата работа постојано ќе придонесуваме за подигнување на свеста и промена на перцепциите во рамките на целната група и во поширокото опкружување.