-Ако ги споредиме периодите јануари-јули 2020 и истите месеци во 2021 година, криминалитетот се намалил за 10,8 проценти. Според нашите анализи стапката на криминал на 100 илјади жители сега е 569 дела, а лани во иститот период 630 дела на 100 илјади жители, а тоа покажува зголемена проактивиност на полицијата, појасни Спасовски.
Тој рече дека исто така се бележи намалување на криминалот поврзан со дрога и наркотични средства, оружје, илегалната миграција но и и потрагите по потерници.
-Има навистина добри резултати на полицијата, во овој период се сузбија две криминални групи со 16 члена и 8 меѓународни транспорти на дрога,од јануари до јули откриени се 77 кривични дела со 84 сторители во однос на поседувањето и трговија со нелегално оружје, рече тој.
Според Спасовски во делот на илегалните мигранти откриена е 13- члена организирана група која во подолг временски период илегално пренесувале мигранти од Блискиот исток преку Грција во Македонија.
-Ваквите акции, кои постојано траат го јакнат кредибилитетот на државата затоа што низ западно банканската рута нашата земја е веќе обележана како земја каде тешко се поминува, значи веќе не е атрактивна за нелегално преминување. Од 2015 година спроведуваме полициска акција на јужната граница каде се работи организирано со земји од ЕУ со колеги од различни земји и тоа дава резултати, рече Спасовски.
Тој особено ја истакна оперативната група на МВР која ја спроведува стратешката целда се пронајдат и изведат пред правда сите лица кои се бараат по централни и меѓународни потерници.
-Во изминатиот период 251 лице лишено од слобода, а досега од септември 2020 година 479 лица се уапсени барани по централни и меѓународни потерници, од кои 50 тина лица се топ приоритет на МВР и на државата или се бараат повеќе години.Пред 10 тина дена имаше апсење на лице кое се криело 17 години, заслужува и внимание и признание оперативната група, рече Спасовски.