Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен министер за транспорт ги соопшти деталите од средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир.
Денеска остварив работна средба со Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.
На средбата ја презентирав програмската определба на Владата и Министерството за транспорт, со посебен акцент на развој на инфраструктурата.
Разговаравме за проектите за унапредување на целокупната инфраструктура, потребата за подобрување на регионалното поврзување преку изградба и модернизација на европските коридори.
Исто така ја истакнав огромната важност од зголемување на капацитетите и потребата од искористување на средствата преку ИПА фондовите, пишува Николоски.