Стефковски вети за Раштак, Брњанци водоводни и канализациони мрежи и тоа квалитетни.

-Гази Баба важи за најзагадена општина, потоа потребен е план за намалување на загадување, чистење на диви депонии, почеток на гасификација. Исто така треба да се затвори депонијата Вардариште, а ќе направам и реален катастар на загадувачи, кажа Стефковски.

Тврдењата на актуелниот градоначалник на Гази Баба, Борче Георгиевски, Стефковски посочи дека се лага.

-Појдете и во Раштак и во Булачани и да ги прашате дали имаат квалитетна вода за пиење, му посочи Стефковски на Георгиевски.

Стефковски рече дека во изминатите 4 години главно сечел ленти на објекти започнати и речиси завршени во време не ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога беше локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше готово училиштето во Железара, улилиштето Вера Јоциќ, културниот дом. Градоначалникот Георгиевски во изминатите 4 години само сечеше ленти на објекти изградени од локалната власт предводена од ВМРО-ДПМН“, рече Стефковски.