Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук објави дека улицата Модест Мусоргски во Триангла добива нов урбан и модерен лик.

Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:

УЛ. МОДЕСТ МУСОРГСКИ ВО ТРИАНГЛА ДОБИВА НОВ ЛИК.

За кратко од денес започнува целосна реконструкција и ревитализација на улицата Модест Мусоргски во Триангла.

Оваа улица е изградена по земјотресот во 1963 година и по 60 години истата ќе добие нов модерен и урбан лик.

Со реализација на овој проект се предвидува асфалтирање на коловозот и изградба на пешачки патеки со павер елементи од двете страни на улицата.

Вредноста на договорот е 4.000.000 денари, средства определени од буџетот на општина Гази Баба.

Постапката за избор на економски оператор е завршена и за многу скоро од денес ќе започнат градежните активности на терен.

Патната инфраструктура е важен елемент кој влијае врз безбедноста на патниот сообраќај и поради тоа како локална самоуправа реализираме голем број на проекти во функција на подобрување на патната инфраструктура во сите населени места низ општина Гази Баба.

Со срце за нашата Гази Баба! – напиша Стефковски.