Укинувањето на КАТО системот на Клиниката за радиологија и онкологија, а потоа и креирање на системска мрежа за криминал со смртни последици е овозможено со силна партиска политичка поддршка, вели портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Тој на денешната прес-конфренција презентираше фотографии на претходните директори на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев и Нехат Нухи на кои се гледа дека се во партиски штабови на СДСМ и на ДУИ.

Ова е фотографија на Нино Васев, директорот на Онкологија кој го укинува КАТО системот и го враќа рачното дозирање на цитостатици и терапии. На оваа фотографија јасно се гледа дека е во штабот на СДС во Бутел, каде веројатно нема медицински симпозиум, туку Васев учествува во партиска индоктринација или партиска акција.

Следната фотографија е на Нухи, директор на Онкологија кој признава дека со лажни документи си го лекувал семејството на Онкологија. Фотографиран е во штабот на ДУИ, го држи во цврста прегратка Али Ахмети, веројатно благодарен за позицијата на Онкологија, рече Стоилковски.

Спред Стоилковски, ова се само две од низа фотографии на директори од Онкологија по партиски штабови и активности додека трае грозоморието со пациентите.

Најмалку две години се укажува на постоење злосторничко здружување за крадење на цитостатици и други скапи лекови од пациенти на Онкологија, најмалку две години државата молкум го дозволува тоа!

Прво, укинувањето на КАТО системот, а потоа и креирање на системска мрежа за криминал со смртни последици е овозможено со силна партиска политичка поддршка! Поинаку не може. Изговорено или премолчено, СДС, ДУИ, нивните сателити во криминалот, сите се одговорни за грозоморието, вели Стоилковски.

Од ВМРО ДПМНЕ отворено се сомневаат на можноста за влијание во истрагата и процесот, како многу пати до сега.

Оставка на Владата е предуслов за вистинска истрага за висок криминал со смртни последици.
Се друго ќе е сокривање на вистината и изигрување на правдата со обвинување на некој нов кабел! Се краде од буџетот, се краде од клиниките, се краде од пациентите, се бара мито, се продава на црни пазари… Ова е сè, само не здравство, ова е сè, само не Влада!, рече Стоилковски.