Претестите започнале мирно во Брисел со присуство на најмалку 35.000 луѓе, изјави портапролката ја бриселската полиција Илзе Ван Де Кере.
Но подоцна полицијата уптребила водени топови и солзавец против ггрупи кои ги гаѓала нејзините припадници со најразлични предмети. Во текот на судирот некои од демонстрантите биле маскирани и носеле фламански знамиња, пренесуваат медиумите. Директниот судир со интервентната полицијата се случил во близна на квартот во кој се сместени инстициите на Европската унија и на белгиската влада во Брисел.
Учесниците на протестот одржан од мотото „Заедно за слободата“, главно ја критикуваа владината одлука објавена во средата за забрана за влез на невакцинираните во локалните како ште се рестораните и баровите. Белгија воведе општа обврска за носење маски и задолжително работење од дома за професиите кои тоа го овозможуват во обидот да се сузбие наглото ширење на епидемијата во земјата.
Белгија оваа седмица пријавуваше во просек речиси 10.300 новозаразени на дневно ниво, и има динамика на ширењето на коронавирусот каква што не е забележана речиси една година. Земјата има стапка на хоспитализации каква што имаше во мај, што значи дека во белгиските болници има повеќе од 2.000 пациенти со Covid-19, од кои 25 отсто се згрижени на одделите за интензивна нега.