По повод празникот Богојавление – Водици на мостот „Слобода“ кај х. Холидеј ин во Скопје денеска се одржа традиционално осветување на водите на Вардар и положување на Чесниот крст.
Светиот крст во Скопје го фатија сите верници. Тие држејќи се за рака застанаа во водите на реката Вардар и заедно го фатија крстот.
Согласно мерките и препораките, во Вардар влегоа околу 10 лица кои претходно имале учествувано, односно лица кои се физички подготвени.
Mинатата година по одржаната литургија, двајца свештеници ги осветија водите на реката Вардар, а церемонијата помина без традиционалното скокање по крстот поради мерките против Ковид-19.