Свидетелство немате за деца. Во камено време не било вака. Братучетка ми кажувала во камено време на камен им пишувале свидетелства. Вие барем на бекатон плочки можевте да ги нашкрабате, пишува на фејсбук актерот Сашо Тасевски, откако беше соопштено дека поради пропуст на учениците оваа година, наместо во крајот на јуни, свидетелствата ќе им бидат доделени пред почетокот на новата учебна година, коментира актерот и поранешен прв човек на Драмски театар, Сашо Тасевски.
Свидетелства нема, пасоши нема…. Држава нема, додава Тасевски.