– Земјите кои сега вакцинираат помлади, поздрави луѓе со помал ризик од заболување, тоа го прават по цена на животот на здравствените работници, старите лица и другите ризични групи во други земји, рече Тедрос.
Тој додаде дека нееднаквата дистрибуција на вакцините, покрај моралниот гнев што може да го предизвика, е лоша стратегија од економска и епидемиолошка гледна точка.
Тедрос објасни дека колку повеќе вирусот се пренесува, толку е поголема веројатноста дека ќе се појават нови варијанти, „против кои вакцините тешко дека ќе бидат толку ефикасни“.
Од оваа гледна точка, тој смета дека богатите земји си даваат „лажно чувство на безбедност“.
– Ако не ја завршиме оваа пандемија што е можно побрзо, таа може да се задржи со години, предупреди тој.
До денеска, дистрибуирани се повеќе од 455 милиони дози вакцина против Ковид-19 на вкупно 162 територии.
Сепак, само 0,1 процент од нив се инјектираат во 29 земји со најнизок приход каде што живее девет отсто од светската популација