Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, и честиташе на хрватската амбасадорка во Скопје, Нивес Тигањ, за влезот на Хрватска во Шенген и во еврозоната.
Таравари во честитката вели дека успехот на Хрватска е инспирација и модел за другите земји од Западен Балкан.
Почитувана амбасадоркe Нивес Тигањ, Ви честитам за влезот на Хрватска во Шенген и еврозоната. Како најмлад член на европското семејство, извонредниот напредок на Хрватска е извор на инспирација и најдобар пример за европската иднина на нашиот регион, пишува Таравари на Твитер.
Од први јануари, Хрватска стана членка на Шенген зоната и влезе во еврозоната, што значи дека официјалната валута за Хрватска повеќе нема да биде куната, туку еврото.