Инес беше миленичка на скопската Зоолошка градина

Скопје остана без еден од највеличествените жители на Зоолошката градина.  Јагуарката Инес  денеска ја изгуби битката со најлошата болест. По долга и тешка борба со метастазиран канцер и повеќе тумори на органите

Тимот вложи максимални напори за нејзино лекување

Во изминатиот период, стручњаци од ЗОО Скопје во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина направиле сѐ за да ѝ ја подобрат благосостојбата. Применувани биле комплетни ветеринарни прегледи, компјутерска томографија и различни терапии. Се со цел да се олесни нејзината состојба и да се продолжи животот.

По Берберските овци, угина и мајмун во скопската Зоолошка

Инес живееше долго над просекот за својата вид

Инес имаше 22 години – значително повеќе од просечниот животен век на јагуарите во дивината, кој се движи од 12 до 15 години. Во зоолошки услови, тие може да доживеат до 23 години, што ја прави Инес една од највозрасните мачки од својата врста во регионот.

Љубов и грижа до последниот ден

Од Зоолошката градина со тага истакнаа дека Инес била чувана со многу љубов, и дека ќе им недостасува на целиот тим – особено на зоонегувателите кои со години се грижеле за неа. “Искрено ќе фалиш,” напишаа од ЗОО Скопје.

Инес – симбол на издржливост и благородност

Животот на Инес останува симбол на издржливост, грижа и поврзаност помеѓу човекот и животните. Таа ќе остане запаметена како една од најспецифичните жители на скопската Зоолошка градина.

Извор: Курир